Јеромонахот Рафаил, поранешен игумен на манастирот „Свети Николај Мирликијски Чудотворец“ од Кладница во Бугарија, застана во одбрана на Македонија по бугарското вето.
„За македонското прашање накратко од мене: 1) Република Македонија е суверена и независна држава, 2) Македонската нација е посебна нација, формирана на начинот на кој е формирана секоја нација, 3) Македонскиот јазик е посебен јазик, тој не е ‘бугарски’, ниту со ‘бугарски корени’, 4) Во Бугарија живее македонско малцинство, кое е систематски поттиснувано и репресирано. Етничката и национална припадност и идентитет се прашање на самоопределување, 5) Македонија беше прашање на фашистичка окупација на Царството Бугарија, 6) Сите претензии на Бугарија и на Бугарите кон Македонија и Македонците се целосно неосновани“, напиша на Фејсбук докторантот по црковно право на Богословскиот факултет во Софија, учесник и говорник на антивладините протести во главниот град на Бугарија минативе месеци.

Објавата на отец Рафаил, со световно име Росен Стефанов, ја сподели на својот профил на Фејсбук и Ангел Џамбаски, потпретседател на ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов со саркастичен коментар: „Демократска Бугарија за ‘македонското прашање’“, пишува Експрес.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















