NBA колумна на Димитар Младеновски-Mајерс Ленард со изненадување за фановите

1365

За време на принудната пауза која што се случува во моментов, центарот на Мајами Хит, Мајерс Ленард имаше интересен предлог за своите фанови. Пробувајќи на било кој начин, да помогне на жртвите од моменталната епидемија, 213 цм. високиот џин, популарно наречен “Чекан”, драстично го промени својот имиџ.

Ленард вети дека доколку се соберат преку 125.000 $ ке ја бојадиса косата во боите на еден од најомилените и најинтересни дресови кој се појавиле во последно време. Небесно сино/розевата комбинација на дресот на Мајами Хит (популарно наречен “мајами вајс”), кој е еден од најспецифичните кој се појавиле до сега. По постигнувањето на бројката од (цели) 175.000 долари кои ке се донираат во борба против епидемијата, тој го исполни ветувањето. Синоќа, Ленард се обрати на јавноста преку интересен пост.

“Штотуку ја надминавме бројката од 175 илјади долари, средства кој ке бидат донирани за оние кој им се најпотребни. Секојдневно добиваме се подобри вести дека сумата на донираните средства расте. Заедно ке се бориме да го уништиме ова зло, во форма на ‘Ковид 19″. Ви благодарам на сите, и ве охрабрувам да продолжиме да помагаме, се до остварување на нашата мисија” – изјави Ленард.По добивањето на позитивни информации од С.А.Д дека NBA тимовите преговараат за што побрзо отварање на т.н. тренинг кампови со кој играчите би ја оддржувале формата (за евентуално продолжување / доигрување на регуларниот дел на сезоната), влева трошка надеж дека во догледно време, повторно ке бидеме пред Т.В. екраните. Сеуште нема официјализација на преговорите, но во моментов, единствено ни преостанува да останеме оптимисти. “Моќниот Маерс” со својата нова фризура секако треба да помогне, овој период да го гледаме (барем малку) по светло.

NBA FAN

Димитар Младеновски