Захариева: Бугарски универзитети и медиуми чекаат да влезат во Македонија

140

Бугарија повеќе од другите земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји сака Македонија да стане членка на ЕУ, но нашата поддршка не е безусловна, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захарива во изјава за „БТВ“.

-Да се разбереме, да се изградат патишта, да нема говор на омраза. Два бугарски универзитета со години чекаа одобрување за отворање филијала, бугарските медиуми чекаат одобрување за емитување во Македонија – вели Захариева.

Според неа, не инститираат сите во ЕУ да ја видат Македонија како членка на Унијата.