NBA колумна на Димитар Младеновски – Kobe во први редови=LeBron фантастичен!

758

Кошаркарите на Los Angeles Lakers на домашен терен убедливо ја совладаа Atlanta Hawks со 122-101 за 11 победа сезонава и задржување на лидерското место во Западната конференција. LeBron James и неговите соиграчи уште на самиот старт го наметнаа својот ритам, и веќе на полувреме водеа со огромни 28 поени предност (69-41). Lakers-и како тим имаа и 14 блокади што се случува за прв пат по 2002 година (кога беа и шампиони). Можеби најинтересен момент од мечот претставуваше средбата помеѓу LeBron James и (за многумина) најдобриот играч кој некогаш играл во златно/пурпурниот дрес – Kobe Bryant. Тие двајца имаа пријателски поздрав во текот на мечот. Видливо од присуството на “Black Mamba” во првите редови беше и нивото на мотивација кај играчите на L.A. да се покажат во најдобро светло. Лидерот на “езерџиите” мечот го заврши со 33 поени и 12 асистенции. За влијанието кое Kobe Bryant го има врз денешните NBA ѕвезди доволно говори изјавата на LeBron James после мечот:

“Еден од најдобрите играчи кој некогаш играле одвои време во Недела навечер да не гледа нас. До него седи неговата ќерка, која ке биде една од најголемите кој некогаш играле. Се разбира дека ке направам се за да приредам вистинско шоу за нив.” – изјави LBJ кој многупати досега потенцирал колку исклучително ја цени легендата на Lakers-и.

“Растев гледајќи го и воодушевувајќи се од него. Тој е човекот кој го трасира патот за сите нас кој директно од средно школо пристигнаа на големата сцена. До денешен ден за мене сеуште е неверојатно што величина како него одвојува време за нас”- изјави “кралот”.

NBA FAN

Димитар Младеновски