NBA колумна на Димитар Младеновски-Идниот NBA шампион! (ВИДЕО)

660

Летото кое измина пишувавме за најголемата трампа која се случи во последните неколку години. По долго очекување, Лос Анџелес Лејкерс добија супер ѕвезда во Ентони Дејвис. Њу Орлеанс Пеликанс добија фантастичен пакет, богат со талент, младост, глад за докажување. Ги добија Лонзо Бол, играч кој ја имаше најзрелата сезона во неговата кратка NBA кариера. Дојде и бекот Џош Харт, кој од ден на ден, докажуваше дека е исклучително благодарен и корисен играч на позицијата 2. Брендон Инграм, по ланската сезона исполнета со повреди, конечно здрав и подготвен. Докажа на кошаркарскиот Свет зошто со право го споредуваат со Кевин Дурент. Стана Ол Стар и главен кандидат за наградата “играч со најголем напредок”.“Пеликаните” ги организира еден од најпотценетите играчи во лигата, поранешниот “Ол Стар”, Џру Холидеј. Професионалец во вистинска смисла на зборот. “Џеј Хала” е два пати биран во најдобрата одбранбена петорка на првентството. Инзвонредната одбрана зачинета со префинетото чувство за асистенција го прави еден од најквалитетните “чисти” плеј-мејкери на денешницата. Тимот од Луизиана во своите редови го има и еден од најдобрите шутери на сите времиња, искусниот Џеј-Џеј Редик. Ветеранот Дерик Фејворс, кој им се приклучи годинава, е поранешен висок трет избор на драфтот и одлично го пополнува рекетот. Николо Мели, италианскиот снајпер, помош од клупата за резервни играчи како секој тим што само би посакал. Никеил Александер-Вокер е плеј со вонсериско висок потенцијал и страшен офанзивен арсенал. Како шлаг на торта дојдоа нивните последни два избори на ланскиот драфт.

Џексон Хејс e 211 сантиметри висока атлета, со поденднакво виок потенцијал на двата краја од теренот. За крај го оставаме нивниот “дијамат”, кошаркарскиот “Хулк” – Зион Вилијамсон за кој нема потреба од посебно претставување. Доволно е да се спомне податокот дека го споредуваат со (единствениот) ЛеБрон Џејмс. Њу Орлеанс имаат повеќе од светла иднина. “Пеликаните” по сите прогнози се тим кој (доколку остане здрав) ке биде главен фаворит за тронот во брзо време. Уживајте во најубавите моменти од идните шампиони.

NBA FAN 

Димитар Младеновски