10 најубави плажи во светот и Европа: “Рајски глетки, како илузија”

628

Секоја година “Trip Advisor” ги прогласува најубавите плажи на светот. Нивните критериуми се коментарите и оцените кои ги оставаат туристите на сајтот, а листата предизвикала и многу полемики за тоа дали е воопшто реална.

Како најубава плажа на светот е прогласена Баја до Санчо во Бразил, и тоа втора година по ред. Еден од коментаторите вели дека “не можете ни а претпоставите што ве чека додека чекорите по тесниот премин кон плажата…Рајска глетка…како илузија.”

Во европа најубавата плажа се наоѓа во Италија, а потоа се оние од Грција, Велика Британија, Шпанија и Исланд.

Секако дека е тешко да се избере нешто што би им одговарало на сите, па многумина се бунеле дека некои плажи не се ништо посебно и предложувале некои други места. За некои на плажите имало премалку содржини, а други премногу…

Ова е само една листа која е направена на основа на коментари и оцени кои луѓето ги оставаат на сајтот, и очекувано е дека нема на сите да им се допадне.

10 најубави плажи на светот

1. Баја до Санчо, Фернандо де Нороња, Бразил

2. Грејс Беј Бич, Провиденсиадес, Теркс и Кејкос

3. Плаја Параисо, Кајо Ларго, Куба

4.Спиаџа деи Кониљи, Италија.

5. Праинас до Понтал до Аталаја

6. Севн Мајл, Кајмански острови

7. Игл, Аруба

8. Фламенко, Кулебра, Порторико

9. Варадеро, Куба

10. Клефтико, Милос, Грција

10 најубави плажи во Европа

1. Спиаџа деи Кониљи, Лампедуса, Италија

2. Клефтико, Милос, Грција

3. Лускентајр, Ајл оф Херис, Велика Британија

4. Плаја де Сес Илетес, Форментера, Шпанија

5. Ла Конча, Сан Себастијан, Шпаниј

6. Вулакомб, Девон, Велика Британија

7. Елафониси, Крит, Грција

8. Кала Мариолу, Баунеи, Сардинија, Италија

9. Балос, Кисамос, Грција

10. Блек Сенд Бич, Вик, Исланд