NBA колумна на Димитар Младеновски-Експлозија на Стеф Кари (ВИДЕО)

324

Голден Стеј Вориорс извојува победа над Портланд Треил Блејзерс во натпревар на кој бевме сведоци на враќањето на најдобриот шутер на денешницата.Стеф Кари беше во неверојатен ритам на синоќешниот дуел. Постигна рекордни во кариерата 62 поени, носејќи им на “воините” триумф од 137-121.Уште од самиот почеток на натпреварот, со 21 постигнат поен во првата четвртина (7/11 шут од поле), капитенот на тимот од Калифорнија, го најави своето феноменално издание по што продолжи во сличен ритам до самиот крај.Мечот го заврши со 62 постигнати поени за само 36 минути игра (18/31 од поле, 8/16 за тројка), додавајќи и 5 скокови и 4 асистенции.

NBA FAN

Димитар Младеновски