NBA колумна на Димитар Младеновски-Џими Батлер е дефиниција за воин! (ВИДЕО)

548

Животната приказна на Џими Батлер е во најмала рака шокантна. Од бездомник до NBA ѕвезда! Звучи неверојатно, но е вистинито. Моментално е сметан за еден од најголемите борци и мотиватори во NBA. Ниското крило на “жешките ” од Мајами пристигна на Флорида оваа сезона. Перфектно се вклопи во новата средина и даваше полн придонес на двата краја од теренот. “Џими Бакетс” веднаш стана миленик на тимот предводен од легендарниот Пет Рајли. Во тим и организација каде најмногу се почитува дисциплината и напорната работа, Батлер стана синоним за борба, желба и пожртвуваност.

Батлер е веќе 10 годишен ветеран и 5 кратен All-Star играч. Важи за еден од најдобрите дефанзивци во последната декада. Во моментов е во најзрелите играчки години. Неговиот нов тим предводен од борецот родум од Хјустон, беше едно од најпријатните изненадувања на тековното првенство (пред прекинот на истото). Уживајте во најубавите моменти за еден од ретките играчи кој на вистински начин ја претставува борбеноста и страста по која “тагуваме” од 90-тите.

NBA FAN

Димитар Младеновски