Американскиот спортски свет синоќа целосно застана откако Милвоки Бакс одбија да го играат петтиот наптревар од Плејоф фазата против Орландо Меџик во знак на протест поради ранувањето на Џејкоб Блејк од страна на полицијата.
Бакси со ваквиот потег само стартуваа лавина, а во текот на ноќта пристигна и веста дека клубовите од Лос Анџелес – Лејкерс и Клиперс гласале за бојкот на остатокот од сезоната во знак на протест против полициската бруталност и расизмот во САД.
Се започна нешто во 22 часот по македонско време кога на паркетот во Орландо на загревањето се појавија само кошаркарите на Меџик. Уште тогаш беше јасно дека Бакси не планираат да излезат од соблекувалната, па врвот на НБА лигата свика итен состанок да се направи план во врска со новонастанатата ситуација.
FUCK THIS MAN!!!! WE DEMAND CHANGE. SICK OF IT
— LeBron James (@KingJames) August 26, 2020
Според американските медиуми, на состанокот било прилично „жешко“, паднале тешки зборови, а Клиперси и Лејкерси гласале да се прекине цела сезона. Најгласен бил Леброн Џејмс кој во знак на протест подоцна го напуштил состанокот, а веднаш по него си заминале и останатите претставници на калифорниските клубови.
Потегот на НБА клубовите ги инспирираше и останатите, па така се одложени и натпревари и во американските професионални фудбалски и бејзбол првенства.