Малиот Коста 6 години минал занемарен и изгладуван: Тогаш неговата фотографија се појавила на Фејсбук и уследило чудо за кое зборува светот

356

Кога фотографиите од малиот Коста, 6-годишно дете кое умирало од глад во сиропиталиште, дошле до овој брачен пар, не чекале ни час, туку веднаш тргнале по него.

Дејвид и Присила Морс од Тенеси одамна направиле пакт. Сакале да посвојат деца, но исклучиво деца кои никој не ги сака, оние кои без нивна помош не би преживеале. 

Овој брачен пар веќе има свои биолошки деца, но кога решиле да посвојат дете, се решиле за опцијата да го побараат во странство, меѓу децата со посебни потреби. Така во 2012-та година ја довеле Мекензи од Русија, која боледува од Даунов синдром. Денес, Мекензи има 9 години, здрава е и среќна.

Мислеле дека со тоа го комплетирале семејството, а тогаш во 2014-та година на Фејсбук виделе застрашувачка фотографија.

Виделе една 6-годишно дете по име Коста, кое во тие моменти умирало од глад во едно бугарско сиропиталиште.

“Не знам како да го опишам тоа чувство. Едноставно, кога ја видовме фотографијата, знаевме дека мора да дојде кај нас”, рекла Присила за медиумите.

Една година подоцна, по борбата со документите, биле во авион за да го запознаат и соберат своето дете. Му го дале името Рајан.

На седум години малиот Рајан имал тежина на поголемо новороденче. Имал целебрална парализа, сколиоза и микроцефалија, што е дефект кој влијае на мозокот и растот на главата.

“Прв пат кога го видовме, се шокиравме. Изгледаше како костур. Долго ни требаше да се навикнеме на неговата појава”, биле искрени родителите на Рајан.

Лекарите од америка слично реагирале кога го виделе детето. Многумина и плачеле. И не било лесно да закрепне Рајан.

“Беше потребно многу време и многу интензивни терапии. Ни требаше многу сила и трпение, и на нас, и на Рајан”, вели овој брачен пар.

Од тогаш, Рајан накачил пет килограми со тешка мака, со хранење преку цевка. Ја вратил контролата над рацете и почнал по малку и да оди. Моментално учи да комуницира, по многу години изолација и патење.

“Долг е патот пред нас. Седум години занемарување не може да се избришат туку-така, за еден ден. Но знаеме дека ќе успееме”, уверен е овој брачен пар.

Сега семејството Морс брои шест членови и тие не можат да бидат посреќни.

“Благодарна сум на Бога што ги слушна нашите молитви и што ни го подари Рајан”, порачуваат тие.