Наскоро отворање на новиот „Дино парк“ во Зоолошка

75

Од Град Скопје и од Зоолошка градина најавија дека наскоро е големото отворање на новиот Дино парк.

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат за неверојатниот свет на диносаурусите и да се сретнат очи во очи со застрашувачкиот T-Rex, големиот но мирољубив Трицератопс и многу други! Конечно и кај нас, наскоро отворање на новиот Дино Парк во Зоолошката Градина во Скопје, напишаа на својата Фејсбук страна.

Во паркот има 41 динасаурус во природна големина. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни. Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив.

Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат изведени сите придружни елементи односно патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).