НАСА УШТЕ ВО 2016 ГОДИНА РАЗВИЛА СИСТЕМ КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ УДИРАЊЕ НА ЗЕМЈАТА НА ГОЛЕМ АСТЕРОИД

180

НАСА и светските научници пред неколку денови предупредија дека денес, сабота, 15 февруари, голем астероид ќе помине во близина на земјата, но и дека има шанси тој да удри во земјата.

Проценките велат дека е потенцијално катастрофален, затоа што во случај на удар, карпа со таква големина би можела да убие милиони луѓе во поширокиот регион и да предизвика трагедија на глобално ниво.

Астероидот со кодно име 2002 PZ39 патува со брзина поголема од 50.000 километри на час. НАСА објави дека треба да биде во точка најблизу до нашата планета в сабота во 11 часот и пет минути претпладне по американско време.

Проценетите димензии на вселенската карпа се 990 на 440 метри, големина чие влијание, како стандард, остава значителни последици.

„Ако објект поголем од 25 метри, а помал од еден километар, удри на Земјата, тоа веројатно ќе предизвика локална штета во областа на ударот. Секое поголемо небесно тело, со волуменн од еден до два километра, би можело, сепак, да има глобални ефекти”, наведува НАСА.

Астеродидот ќе помине на оддалеченост од Земјата од 5,77 милиони км. За експертите тоа значи дистанца која ги изложува луѓето на потенцијална опасност.

НАСА посочува дека откако, најверојатно, ќе ја заобиколи Земјата, астероидот 2002 ПЗ39 ќе продолжи по Сончевиот систем и ќе појде кон Венера, на која би требало да се приближи на 14 јуни 2034 година.

Сепак, НАСА има план за делумно справување со вакви појави.

Доколку гигантски астероид се движи кон планетата Земја, не постои нешто што луѓето можат да направат за го спречат, предупреди доктор Џозеф Нут од НАСА центарот Годард Спејс на конвенцијата на Американскиот геофизички сојуз во 2016 година.

Тој тогаш истакна дека Земјата е релативно неподготвена за удар на астероид, а посебно сме без било каква одбрана доколку се случи удар на астероид со димензии на оној кој го предизвикал истребување на диносаурусите.

Иако се ретки, опасните астероиди и останатите вселенски тела доаѓаат оприлика на 50 до 60 милиони години.

„Би можеле да речеме, дека дојде ред на такво нешто“ – нагласи Нут.

Се смета дека диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години, откако астероид широк 10 километри го погодил подрачјето кое денеска е Мексиканскиот залив.

Најблискиот “контакт“ со комета во неодамнешната историја Земјата имала во 1996 година и повторно во 2014, кога еден поминал поред нас во непосредна оддалеченост од Марс.

Да не сме имале среќа и астероидот да тргнел директно кон Земјата, веројатно не би имале доволно време да се подготвиме за неговиот удари, изјави Нут кој смета дека за евентуално уништување на астероид потребни се барем две вселенски мисии.

„Имаме технологија со чија помош можеме да оттргнеме астероид скоро со било која големина од неговата траекторија. Првата задача би била да се испрати роботска сонда спрема астероидот која би го погодила а следната мисија би била пропратна и би вклучувала “гравитациски трактор“ односно вселенски брод кој би летал до астероидот и би го оттурнал подалеку од Земјата со помош на гравитацијата.

Таквата стратегија би функционирала доколку ширината на астероидот е 400 метри. Поголемите астероидни карпи би барале неколку удари со сонди и обиди да се уништи астероидот.