Почетна Забава Решена да стигне до целта: Eлена Ристеска и во Мајами не престанува...

Решена да стигне до целта: Eлена Ристеска и во Мајами не престанува да го прави ова (видео)

193

Македонската пејачка Елена Ристеска последниот период е решена да поработи на физичкиот изглед, па така деновиве потполно го промени својот имиџ, односно стана русокоса.

Меѓутоа, не само што ја промени бојата на косата, Ристеска работи и на физичката кондиција и на затегнување на мускулите.Имено, пејачката до неодамна практикуваше јога, но сега премина и во тератана каде што редовно вежба.

Изгледа Еленче е одлучна да биде во добра кондиција без оглед на тоа каде се наоѓа. Имено, таа деновиве е во Мајами каде ужива во своето време и ги полни батериите на друг начин.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Сепак, ни во Мајами, Ристеска не престанува да го прави она што го прави во Скопје, а тоа е да оди во теретана.

Во последната објава на „Инстаграм“ платформата таа сподели видео и на нејзините следбеници им покажа дека ги „пумпа“ мускулите.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Еленче покажа кога нешто се сака, се може, па нема изговори да не се оствари целта.

За потсетување, Ристеска неодамна на исто така на социјалните мрежи сподели од своите физички активности, а нејзините фанови и порачаа дека ослабела.