“Нас буквално нè ловат, не смееме да излеземе од дома”: Леброн збеснал поради снимката од ладнокрвното у*иство на младиот црнец

616

Кошаркарскиот ас Леброн Џејмс е активен на социјалните мрежи и протестира секој пат кога ќе им се нанесе неправда на Афроамериканците на територијата на Соединетите Американски Држави.

Тој бурно реагирал и на снимката од ладнокрвното убиство на 25-годишниот Ахмауд Арбери кој, додека џогирал, бил убиен од страна на бел татко и син со објаснување дека мислеле дека ќе ги нападне. Тие не добиле никакви обвиненија.

Убиството се случило во Џорџија уште во февруари, но сега се појави морничавата снимка на социјалните мрежи, на која Леброн реагирал со емотивна објава на Твитер.

“Нас буквално нè ловат, секој ден, секој пат кога ќе ја напуштиме безбедноста на нашите домови. Не можеме да отидеме ни на проклето трчање. Жал ми е, Ахмауд, почивај во рајот, моите молитви и благослови одат на небото и до твоето семејство”, напишал бесниот Леброн.

Видеото било снимено од страна на возач кој случајно се затекнал на местото на настанот.

Грегори Мекмајкл, 64-годишен поранешен полицаец, и неговиот 34-годишен син Тревис го здогледале Арбери и заклучиле дека многу потсетува на осомничен за низа провали. Тие тргнале по него со камионетот, а во полицискиот извештај стои дека го викнале да застане бидејќи сакале да разговараат со него, а потоа Ахмауд го нападнал Тревис. Биле испукани куршуми, а младото момче само паднало на патот.

На снимката се гледа дека Арбери се обидел да го заобиколи камионетот, но не се гледа кој кого нападнал – само конфликтот со помладиот Мекмајкл, пукањето и падот на безживотното тело на Арбери на патот.