Најпознатиот германски виролог: Престанете да ширите лаги за коронавирусот, тоа нè доведува во опасност!

808

Додека коронавирусот се шири низ светот, докторите не само што мора да се борат за животите на пациентите, туку мора да се борат и против лажните вести кои се шират како огнена стихија.

Поради ова, угледниот германски виролог Кристијан Дростен и повеќе од 100-тина доктори и останати здравствени работници се обратија до јавноста со отворено писмо.

„За спасувањето на животи и враќање на довербата во лекувањето засновано на науката, неопходно е технолошките гиганти да престанат да шират лаги, извртени информации и фантазии кои не доведуваат во опасност“, пишуваат авторите.

Според нив, технолошките компании имаат „многу големо влијание“ и се одговорни за сузбивањето на „смртоносното ширење на лажни информации“. Германските доктори бараат од Фејсбук, Гугл, Твитер и останатите „интернет гиганти“ да го спречат ширењето на лажните вести во врска со коронавирусот.

Како што пренесуваат германските медиуми, повод за објавувањето на ова писмо е актуелната пандемија на коронавирусот, во која лажни вести како таа дека кокаинот е лек против вирусот, или Ковид-19 е развиен како биолошко оружје, побрзо се шират од самиот вирус.

Во писмото е наведено дека напорите на технолошките компании во сузбивањето на лажните вести не се ниту приближно доволни. Тие не само што на платформите го овозможуваат ширењето, туку и заработуваат од тоа.