Најголема заплена во последните 25 години: Во сандаци за овошје откриен кокаин вреден 77 милиони долари! Заколнатиот непријател од 90-тите се враќа!

352

Њујоршката полиција запленила кокаин во вредност од 77 милиони долари, што е најголема заплена во оваа област во последните 25 години.

Во контејнерите на њујоршкото пристаниште биле откриени 60 пакети со околу 1.450 килограми дрога.

Тоа е најголема заплена на кокаин во пристаништата на Њујорк и Њу Џерси од 1994-та година, кога биле запленети 2993,71 килограми.

Пакетите биле откриени на брод кој пристигнал од Јужна Америка. На сандаците пишувало дека содржат сушено овошје од Колумбија.

“Кокаинот, заколнатиот непријател на Њујорк од 90-тите, се враќа”, рекол агентот на ДЕА, Реј Донован, задолжен за истрагата.