На заливот меѓу Финска и Шведска ретка атмосферска појава „ледени јајца“ насекаде на брегот

567

Благодарение на ретката атмосферска појава, илјадници ледени топки ја покрија плажата во Финска.

Аматерскиот фотограф Ристо Матила наиде на овие „ледени јајца“ на островот Хајлуото во Ботнискиот залив меѓу Финска и Шведска.

Експертите велат дека оваа појава е предизвикана од редок процес во кој ветерот и водата тркалаат парчиња мраз.

Фотографот Матила, кој живее во блискиот град Олу, вели за BBC дека никогаш не видел такво нешто.
„Бев со сопругата на плажата Марјаниеми. Времето беше сончево, беше околу -1 Целзиусови степени и прилично ветровито. Тогаш го најдовме овој неверојатен феномен. Снегот и ледените јајца беа долж плажата покрај водата, објаснува Ристо.

Ледената покривка зафаќа површина од околу 30 метри. Најмалите топки биле со големина на јајце, а најголемата со големина на фудбалска топка.