Католичката црква не прифаќа вакцини кои се направени од ембрионални клетки: Верниците можат да одбијат да се вакцинираат

124

Дали за црквата се прифатливи сите вакцини и процесот на вакцинирање? Некои вакцини не се прифатливи за црквата. Кои се тие вакцини и зошто се неприфатливи?

Станува збор за тие т.н. аденовирусни вакцини а не за т.н. messenger RNK вакцини. Во што е разликата меѓу нив и зошто едните се прифатливи а другите не се прифатливи за црквата?

РНК вакцините не се одгледуваат на никакви клеточни култури, туку се синтетизираат, а аденовирусните вакцини се одгледуваат на клеточни култури кои потекнуваат од ембрионални клетки. Бидејќи потекнуваат од ембрионални клетки тие не се прифатливи за Црквата.

Прва за тоа се изјасни Католичката Црква во Хрватска. Ставот на Црквата го изнесе деканот на Католичкиот богословски факултет во Ѓаково, монсињор Владимир Дугалиќ.

Според Дугалиќ, од тоа што сега го покажуваат научните студии, дознаваме дека некои вакцини, како што се Оксфорд, па и руските и кинеските, не се етички прифатливи. За црквата се неприфатливи ембрионалните вакцини, вели тој.

Папската академија за живот јасно стави до знаење дека едно лице мора да се бори со сите средства да не прима такви вакцини и во одредени ситуации може да ги одбие, вели тој и додава:

Сепак, во моментов сме во пандемиска ситуација и истата таа Академија рече дека ако нема алтернативни лекови и постои голема опасност за населението, тогаш е дозволена материјална или пасивна соработка за грешен чин за општо добро и добро на самата популација.

Со цел да се избегнат несогласувања околу вакцинацијата, Дугалиќ објасни дека „Црквата ќе ја поддржи вакцинацијата“. Тој додаде дека „треба да одиме кон вакцинација, но мора да гледаме како верници дали сето тоа е морално прифатливо за нас. Не можеме да прифатиме дека ни се наметнати некои вакцини кои се спротивни на убедувањето на нашата совест “.