На само 38 годишна возраст почина познатиот гитарист Денис Демиров

526

Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години, пренесе ФОКУС.

Веста за неговата смрт ни ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој вели дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.