Глобалната пандемија на некој начин го заобиколи островот Кефалонија – едно од омилените туристички места. Грција од 4-ти мај почна со попуштање на драстичните мерки воведени поради пандемијата, па секојдневниот живот таму полека се враќа во нормала.
Меѓутоа, жителите на Грција, а и туристите, сигурни се дека ова лето ќе биде малку поразлично од оние лета на кои што сме навикнале претходно.
Виктор Рутос, почесниот конзул од Србија во Кефалонија, изјавил дека овој остров забележал само еден случај на заболен од коронавирус. Тоа бил некој Грк кој дошол од Шведска пред околу еден месец. Тој го прележал коронавирусот како најобичен грип, пренесуваат медиумите.

Иако никој не заразил, сепак цела Кефалонија била во карантин еден месец и пол, но сега животот таму полека се враќа во нормала, изјавил тој.
Како што навел конзулот, сезоната би требала да почне на 1-ви јули и да трае до септември, кога се очекуваат англиските и италијанските туристи.
Меѓутоа, прашањето на кое што сè уште нема одговор е кога границите ќе бидат отворени за туристите. Што се однесува до чартер летовите, сите чекаат да видат какви инстукции ќе даде Европската унија.

„Проблемот кој што може да се појави е капацитетот на авионите, но и на автобусите. Доколку нив им биде пропишано правило за пополнување од 50 отсто од капацитетите, тоа значи поскапи патни трошоци. Верувам дека голем број од Грците ќе стигнат на остовот во текот на јули и август. Исто така се очекува и голем број туристи од балканските земји, кои како и секоја година ќе пристигнат со автомобил. Секако, доколку коронавирусот исчезне до месец јуни“ – заклучил Виктор Роухотас.

„Уште едно прашање кое што се поставува е што ќе се случи доколку авио-компаниите не работат нормално. Доколку не дојде до нормализација на авио-сообраќајот, затоа очекуваме оваа година да има повеќе гости од Балканот кои што ќе можат да дојдат со нивниот автомобил, благодарејќи на реконструираните патишта“ – вели Тимотеатос.