На работ на војна! Украина го возврати ударот – жестоки артилериски напади на руските сепаратисти!

275

Украинската војска доцна синоќа започнала масовен напад на упориштата на самопрогласената Доњецка Народна Република, пренесува „РИА Новости“.

Нападот започнал околу полноќ, а украинската армија ги нападнала руските сепаратисти со неколку видови на тешко оружје, вклучувајќи и жестоки напади со артилерија.

Сепак, за новинската агенција „ДАН“, претставник на Народната полиција на Доњецката Народна Република изјави дека ситуацијата е под нивна целосна контрола: „Ситуацијата, како и секогаш, 24 часа дневно е под целосен надзор на нашите сили. Граѓаните можат мирно да спијат“.

После артилериските напади, кои што очигледно се одговор на украинската армија на руската агресија во Црното море. Имено, руската армија зазеде три украински воени бродови и рани неколкумина украински морнари во текот на вчерашниот ден.

Од руската Федерална служба за безбедност „ФСБ“ соопштија дека имаат докази дека Украина е одговорна за судирот помеѓу руските и украинските воени бродови во Црното море.

„Постојат непобитни докази дека Киев има подготвено и оркестрирано провокации во Црното море. Овие материјали наскоро ќе бидат објавени“, стои во соопштението на руската Федерална служба за безбедност.

Украинците тврдат дека нивните воени бродови се движеле во правец од Одеса до Мариопол и за сето тоа биле известени Русите, меѓутоа од Москва демантираат и тврдат дека украинските бродови извршиле опасни маневри.