МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

843

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување на терористички напад во земјата.

„По претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот“, јави Министерството. 

Како што јавуваат, со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, од Министерството за внатрешни работи изготвиле план на мерки и активности, за што обезбедиле соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени биле претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.

„Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението на МВР.