Возач на “БМВ” повреди 11- годишно дете во Скопје

834

Возач на автомобил БМВ вчера, во Скопје повредил единаесетгодишно дете . Како  што информираа од полицијата, околу 13:30 часот било пријавено дека на улица „Втора Македонска Бригада“ патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Х.(57) од Скопје удрил во детето.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Детската хирургија при Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, по што против возачот се очекува да бидат преземени соодветни мерки доколу се утврди дека тој не ги почитувал сообраќајните правила и прописи.