Веста дека Емина Јаховиќ се гледа со турскиот мулитимилијардер Садетин Аран одекна како бобма во турските, но и српските медиуми.
Меѓутоа тоа не е најинтересно, а она што најмногу ја возбуди турската јавност е информацијата дека пејачката и милијардерот ги запознал токму поранешиот сопруг на Емина, Мустафа Сандал.

Тоа го разбудило сомнежот дека Емина и Садетин се гледале и за време на нејзиниот брак со Мустафа, за што нагаѓаат и турските медуми.
И како што тврдат нивните извори, Сандал поради тоа е бесен со оглед на тоа дека за време на разводот на сопругата и ја оставил куќата и старателството над синовите Јаман и Јавуз.
-Кога Мустафа дозна за врската на Емина со Садетин, целосно полуде. Не затоа што таа се заљубила, туку затоа што тој ги запознал и на неколку настани биле заедно. Поради тоа се сомнева дека тие двајца биле во врска уште за време на бракот на Мустафа и Емина – тврдат упатените.

Тие исто така откриваат дека штом Мустафа дознал за нивната врска, веднаш го повикал братот на Емина и му рекол дека ќе и одземе се доколку се дознае дека го изневерувала.
-Ќе и ја земам куќата и ќе ја намалам алиментацијата, ако е точно дека биле заедно додека сме биле во брак-викал Сандал на состанок со брат и и своите адвокати.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












