Оглас за вработување во Стопанска банка, Реплек, Завод за статистика…

1718

Оглас за прием на работно место Директор на филијала Струга и Директор на филијала Охрид (2 работни места)

Директорот на Филијалата, како претставник на Банката во локалната заедница за примарна цел има обезбедување високо ниво на услуга и соработка со клиентите. Во своето делување Директорот пред се, се раководи од законската регулатива и интерните процедури во доменот на работењето на Банката. Се грижи за работната атмосфера и делува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на тимот. Раководи со свој личен позитивен пример и го поттикнува тимот за лична надградба, но и за иницијативност во подобрување на целокупното работење во Филијалата и споделување на информации за пазарните движењата во окружувањето. Одговорен е за воспоставување на редот во Филијалата.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
– ВСП – економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
– Работно искуство од минимум 7 години, од кои минимум 3 во банка, финансиска институција или сродна област
– Одлично познавање на англиски јазик – поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
– Одлично познавање на Microsoft Office, особено MS Excel и MS Word
– Обуки за менаџмент и продажба – поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност

Целиот оглас може да го прочитате на ЛИНКОТ

РЕПЛЕК ФАРМ има потреба од ПАКУВАЧИ: Плата 18.500,00 денари

Друштвото за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, бара да назначи извршители за следната позиција

ПАКУВАЧ
во Сектор производство (3 извршители) со и без работно искуство

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување

Кандидат треба да има:

Завршено средна стручна спрема – IV степен: (фармацевтско, медицинско, хемиско училиште или друга средна стручна спрема);
Мотивација за работа во високо конкурентна средина
Одлични способности за комуникација и за тимска работа
Професионалност во работењето

Работното време е во две смени ( по потреба се работи во три смени).
I смена од 07,30 – 15,00 часот,
II смена од 14,30 – 22,00 часот.
III смена од 22,00 – 06,00 часот

Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа.

За бараната позиција компанијата нуди основна нето плата во висина од 18.500,00 денари

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Конкурс за вработување во Државен завод за статистика

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 248/2018

за вработување на 6 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен завод за статистиказа следните работни места

Помлад соработник за плати и заработка на плати, Одделение за пазар на трудот, Сектор за социјални статистики

Помлад соработник за примерок, Одделение за статистички и математички методи, Сектор за информатичка поддршка

Соработник за имплементација на програмски решенија, Одделение за пазар на трудот, Сектор за социјални статистики

Соработник за апликативен и информатички развој, Одделение за апликативен и иинформатички развој, Сектор за информатичка поддршка

Соработник за јавни набавки, Одделение за јавни набавки и општи работи, Сектор за поддршка на работењето на директорот

Соработник за анкета за потрошувачка во домаќинствата и други истражувања за животен стандард, Одделение за животен стандард, Сектор за социјални статистики

ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ