Мурињо го бара Алиоски во Рома, за да го замени Спинацола!

430

Жозе Мурињо сака да го донесе македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски во италијанска Рома како засилување на левата бековска позиција објави денеска весникот „Ил Темпо“, откако левиот бек не се договори за нова соработка со Лидс и е слободен фудбалер.

„Волчицата“ предводена од Мурињо му фрлила око на популарниот Џани зашто ќе го ангажира бесплатно, а тој би бил идеално решение во моментов откако италијснакиот репрезентативец Леонардо Спинацола се повреди и најмалку ќе отсуствува до крајот на оваа година, после повредата и операцијата на ахиловата тетива.

Како што посочува весникот, Рома веќе го контактирала менаџерот на Алиоски и многу брзо ќе влезе во конкретни преговори, а ова е исклучително примамлива понуда за Алиоски зашто ќе соработува со еден од најдобрите тренери на денешницата.

Тој во последно време беше во фокус на турските Галатасарај, Трабзонспор и Фенербахче, но македонскиот ас според информациите бара два милиони евра годишна плата и четиригодишен договор.

Според „Ил темпо“, Милан и Наполи покажале исто така интерес за него, ама засега само од заднина го следат развојот на настаните. Рома влегува во трка за да го земе Алиоски, зашто опцијата како замена за Спинацола да ја донесат неговата резерва и во репрезентацијата, Емерсон Палмиери од Челси ќе ги чини прескапо – 16 милиони евра.