Комедија на славјето на Италија: “Врати се на трибина”! “Ама ја сум Бонучи”

1033

Италија се пласира во финалето на Европското првенство, елиминирајќи ја Шпанија по пенал рулетот на „Вембли“.

Леонардо Бонучи беше еден од стрелците во серијата пенали во завршницата. Дефанзивецот искусно го совлада Унаи Симон и учествуваше во големиот триумф на „аѕурите“.

По мечот 34-годишникот со голема страст славеше покрај италијанскиот дел на трибините. Комична ситуација се случи кога се обиде да се врати на теренот, бидејќи еден член од обезбедувањето не го препозна и му застана на патот.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Англија и Данска.