Му здодеале барањата на луѓето да им даде пари: „Посакувам да не победев“

521

Добитник на лотарија од Индија објавил дека мора да се отсели од домот со семејството бидејќи не може повеќе да се одбрани од бројните барања за финансиска помош, поради кои зажалил што освоил пари.

Возачот Ануп од јужната држава Керала освоил 250 милиони рупии (околу 3 милиони евра) на државна лотарија претходно овој месец, пренесува „BBC“. Неколку дена подоцна тој објавил видео во кое бара од луѓето да престанат да го малтретираат него и неговото семејство.

„Посакувам да не победев“, вели Ануп, кој во видеото вели дека размислува за селидба за да го избегне огромното внимание од јавноста.