Бокс корнер со Димитар Младеновски-Џошуа го покори бугаринот Пулев (ВИДЕО)

849

Во синоќешниот “тешкашки судир”, Ентони Џошуа ги одбрани титулите светски првак во на ИБФ, ИБО, ВБА, откако во деветата рунда го нокаутира Кубрат Пулев на стадионот “Вембли”.Британецот влезе како голем фаворит против бугарскиот боксер и не дозволи изненадување. Со новиот триумф успеа да ги потсети критичарите дека не смеат да заборават за колку силен борец станува збор. Тој маестрално ја водеше борбата и чекаше погоден момент да го нокаутира противникот.Кубрат Пулев успеа да ја преживее третата рунда, но во остатокот од борбата тоа изгледаше невозможно. Џошуа без големи проблеми ги добиваше рундите, а во деветата беше крајот на бугаринот. Пулев двапати се најде на подот, но вториот пат не успеа да се издигне. Со овој триумф, Ентони Џошуа има “скор” од 22 победи и само 1 пораз (оној од Енди Руиз). На Бритнецот му недостасува само ВБЦ титулата, кој е во сопственост на неговиот сонародник Тајсон Фјури.

Димитар Младеновски