Туристот Тони Камокио (51) од Велика Британија завршил во затвор поради наводно “ вознемирување“ на работник кој работел како обезбедување на меѓународниот аеродром во Хургада.
Откако бил сместен во затвор, неговото семејство се огласило во медиумите и тврдело дека Тони едноставо само го потапкал работникот по грбот за да му се заблагодари, а главниот проблем е тоа што сето тоа се случило во текот на сигурносната проверка.
Неговата сопруга Џоан и синот Ремо заминале за Египет за да ги замолат локалните власти да го ослободат од затвор, но за жал не успеале во таа намера.
Британски „The Sun“ напишале дека ова е само уште еден од случаите во кои туристите од Европа се апсени во земјите на Блискиот исток поради непристојно однесување и поради тоа не можеле да се вратат назад во нивната татковина.
Египет е многу популарен помеѓу туристите ширум светот, а особено го сакаат Британците. Со оглед на тоа што во Египет населението претежно се муслимани, а многу од локалните закони многу се разликуваат од британските.
Египет има подолг список за обичаи и закони кои туристите мора да ги почитуваат во текот на нивниот престој таму, вклучувајќи ги нормите за нивно облекување, разменување нежност во јавност, консумирање алкохол, фотографирање и искажување политички ставови.