Благодарение на влакната, пектинот и големата количина на вода која ја содржат, црешите брзо создаваат чувство на ситост и помагаат во регулирање на лошот холестерол. Доколку редовно јадете цреши, вашиот организам ќе ви биде благодарен.
Нѝ помагаат во отстранување на масните наслаги во стомакот, а нивната калорична вредност е навистина ниска, во 100гр. цреши има само 60-на калории.
Напиток со цреши
Состојки:
– 100гр. цреши
– 1 шака спанаќ
– 1 банана
– 3дл. козјо млеко или козји јогурт
– сок од половина лимон

Подготовка:
Измијте ги црешите, преполовете ги и извадете ги семките од нив. Измијте го спанаќот и исецкајте го на ситни парчиња. Излупете ја бананата и исто така пресечете ја на парчиња. Исцедете го сокот од половина лимон. Сите состојки, вклучувајќи го и млекото (или јогуртот) ставете ги во блендер.
Испијте го напитокот додека е свеж.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















