Кога се занимавате се некоја јавна професија како што е пејач, актер, водител, писател, музичар….некаде во својата архива сигурно имате фотографии, видеа, спомени од своите почетоци, дела, ангажани…на кои со (не)задоволство се потсетувате.
Македонскиот водител и менаџер Димитар Атанасовски редовно објавува на социјалните мрежи каде што ги информира своите следбеници за неговите активности, ангажамни, но и споделува заеднички моменти поминати со неговата сопруга Сара Мејс и ќерката Илина.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Меѓутоа, деновиве водителот сподели спомени пред 12 години, па на социјалните мрежи објави видео од негова поранешна работа односно кога снимал анкети.
„На времето кога снимав анкети во К-15 ТВ, напиша Атанасовски во описот на објавата.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Од приложеното видео се гледа како водителот прави анкета со случајни минувачи на темата „Втора шанса“, а Диме изгледа многу поразлично од денес, а можеби некои не би го познале.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Под постот, тој веднаш доби и кометнар од Мартин Филиповски од „Некст Тајм“кој напиша: „На Пајакот личиш овде“, кој при тоа не мислеше на пајакот од службата која крева погрешно паркирани автомобили, туку на македонскиот актер и музичар, пејач, гитарист и фронтмен на групата „Пеперминт“, Горан Трифуновски – Пајак.

Дали се слични проценете самите, откако тука ќе погледнете како изгледаше Атанасовски пред 12 години.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















