Актерката Јана Стојановска ексклузивно со читателите на Точка, споделува фотографии од плажа додека ужива второто тримесечје од бременоста, а го открива и полот. Одлично се носи со бременоста, не и смета возењето и на дестинации и до 3-4 часа, напротив ужива кога сама вози. Но, што е она што и го промени бременоста?
Имаш ли проблем при патување, како се носиш со бременоста?
– Една од моите неостварени професии е „шофер“, така што еве до сега немам никаков проблем со бременоста, барем на тоа поле. Многу ми е покомотно кога возам сама отколку кога ме вози некој друг. Често патувам особено сега кога се затопли на пократки дестинации 3-4 часа. Топло не ми пречи, сакам топло време, менувам една зима за две лета.

Пливаш во блажена состојба?
– Пливам, многу сакам да пливам.
Се сончаш, не ти сметаат температуриве?
– Се сончам исто така, гледам да не претерам ама пред се си го слушам телото.

Практикуваш посебен режим на исхрана?
– Цел живот сум на посебен режим на исхрана. Имав проблем во првото тромесечје кога не смеев да се „лишам“ ниту од една храна и не смеев да се придржувам на ниту на ниту еден режим на исхрана. Во петиот месец имам веќе 8 килограми повеќе и сосем сум безгрижна.
Колку те промени бременоста, во поглед на однесувањето „поразмазана“ си:))?
– Можам да кажам дека не сум воопшто размазана, ниту имав некои други потешкотии. Малку сум нервозна што не можам да си ги правам рестрикциите во однос на исхраната, а и не смеам да вежбам. Малку тешко ми паѓа бидејќи сум прилично енергичен човек. Инаку е се како што било претходно. Не малтретирам никого околу себе, немам food cravings среде ноќ и слични труднички потреби, барем засега во петтиот месец од бременоста.

Се знае полот, имаш можеби имиња што доаѓаат предвид?
– Очекуваме момче. Уште сме во дилеми за името. Кој како дознава дека носам машко, сите изговараат „Леле мал Ненад“, ќе видиме.
















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















