Лавина од реакции: На спомениците на мостот „Oко“ поставени табли дека се дел од „Хеленската историја“

693
На седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје утринава се поставени табли на кои се објаснува дека тие личности се дел од хеленската античка историја, што предизвика лавина од реакции..

По Алкесандар и Филип, уште седум споменици на Мостот око покрај досегашните натписи добија и нови метални табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја. На самите споменици претходно беа наведени само имињата на личностите, а новите табли се поставени пред самите смопемници.

Ново образложение добија и спомениците на Персеј и Архелај Први.

Додаденото образложение доаѓа како резултат на обврската на земјава од договорот за решавање на спорот со името со Грција. Во членот 8 од договорот помеѓу другото е наведено дека:

,,Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.

Околу почитувањето на Договорот со Грција неодамна во Само Интервју зборуваше и премиерот Зоран Заев кој што рече дека очекува и грчката влада на чело со Мицотакис да ги исполни своите обврски од договореното.

Освен промената на таблите, незавршената обврска од Договорот остануваат трговските марки. Формирана е комисија која има рок од три години да најде решение како произвдоите од двете земји ќе го користат брендот Македонија.