Мир на „стаклени нозе“: Путин и Ердоган договорија примирје, но

217

Договорот за прекин на огнот на северозападот на Сирија кој го договорија вчера рускиот и турскиот претседател во Москва, стапи на сила по полноќ.

Сепак, неколку минути после полноќ, кога прекинот на огнот стапи на сила во Идлиб со цел да се спречи судир помеѓу Русија и Турција и да се спречи хуманитарна катастрофа, бомбардирањето во тој регион и натаму траело. Од турското Министерство за одбрана соопштија дека во напад на сириската армија загинале уште двајца турски војници.

Од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопштија дека бил забележано нарушување на примирјето, иако веднаш престанале воздушните напади на турските и руските сили.

Примирјето било нарушено од страна на артилериските единици на сириската армија во покраините Алепо и Хама, провинции кои што граничат со Идлиб каде што и натаму има голема концентрација на џихадистички и терористички групи како огранокот на Ал Каида, кои ја добиваат поддршката од Турција.

После повеќе од шест часа преговори во Кремљ, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин, најави прекин на огнот и порача дека тој и неговиот руски колега ќе настојуваат тоа да биде „трајно“.

Според договорот, двете земји од 15-ти март ќе организираат заеднички патроли долж автопатот „М4“, клучен автопат кој минува низ Идлиб, а предвидено е воспоставување на безбедносен коридор долг шест километри.

Тој договор би требало да ги прекине интензивните борби околу Идлиб, последното упориште на бунтовниците и џихадистите на северо-западот на Сирија. Поради судирите на терористите и сириската армија дојде до нарушување на односите помеѓу Москва и Анкара.