За 23 милиони вработени Италијанци од денеска е задолжителна ковид потврда

62

Нови протести се најавени во италијанската престолнина во петок, додека пристанишните работници во Трст планираат да го блокираат пристаништето. Вкупно 85 проценти од Италијанците постари од 12 години примиле барем една доза вакцина против ковид-19.

Мерката според која сите вработени во Италија мора да покажат таканаречена “зелена пропусница”, со која докажуваат дека се вакцинирани, дека прележале ковид-19 или дека неодамна биле негативни на ковид-19, стапи на сила денеска.

Со мерката се погодени околу 23 милиони работници во приватниот и јавниот сектор на Италија.

Против контроверзните мерки биле организирани неколку демонстрации. Критичарите наведуваат дека мерката е удар на личната слобода, додека заговорниците тврдат дека мерката овозможува понатамошното ублажување на мерките против коронавирусот.

Полицијата пред една недела уапсила 12 луѓе, меѓу нив и двајца лидери на крајната десна партија, откако протестите против споменатата мерка се претвориле во судири со полицијата.

Нови протести се најавени во италијанската престолнина во петок, додека пристанишните работници во Трст планираат да го блокираат пристаништето.

Властите велат дека кино-салите, театрите и концертните сали ќе може да работат со полн капацитет, ако сите посетители имаат зелена пропусница.

“За компаниите и вработените зелената пропусница ја зголемува безбедноста на работното место”, рекол за “DPA” Маурицио Стирпе, потпретседател на здружениот на работодавци “Confindustria”.

Компаниите ќе бидат казнети и до 1.000 евра ако доколку дозволат некој работник да нема зелена пропусница.

Зелената пропусница е веќе воведена во неколку други сектори во Италија, како образовниот и здравствениот.

Вкупно 85 проценти од Италијанците постари од 12 години примиле барем една доза вакцина против Ковид-19.