Селма Хајек 13-от роденден на ќерка ѝ Валентина Палома ѝ го одбележала со фотографија на која е бремена.
54-годишната актерка објавила топлес фотографија додека била бремена со Валентина.
„Утре малото бебе кое настана во мојата матка официјално ќе стане тинејџерка. Толку брзо растат…“, напишала под фотографијата која собрала милион лајкови.
Фановите ѝ го честитале роденденот на Валентина во коментари и го пофалиле изгледот на Селма.
„Среќен роденден, навистина пребрзо растат“, „Бог земал дополнително време кога те создавал тебе“, „Навистина си прекрасна“, се дел од коментарите.
Селма и францускиот милијардер Франкос-Хенри Пинаулт (58) ја добиле Валентина во 2007-ма година, а парот се венчал две години подоцна.