Во последното издание на емисијата Мода на Сергеј Варошлија, најкоментирани беа модните комбинации од Оскратие, но и Златната Бубамара која се одржа пред некој ден.
По тој повод, познатите кои се појавија на ова случување се најдоа во емисијата кај Сергеј и ги прокоментира нивните модни комбинации.
Прв беше актерот и водителот на „Златна Бубамара“, Сашко Коцев.
„Сашко изгледа супер, одличен смокинг, одлично е стилизиран. Секогаш е харизматичен, многу е забавен. Меѓутоа, како да приметив и на Сашко Коцев годинава му беше досадно“ вели Варошлија.
Ги прокоментира и Дупер.
„Дупер дефинитивно се нешто што е од 21 век. Одлично стилизирани со една млада енергија“ вели модниот критичар.
Пофални зборови за својот стајлинг добија и Антониа Гиговска и Александар Тарабунов.
„Тарабунов изгледа супер во црно одело, Антониа соодветно на своите години. Многу слатка фотографија“ изјави Варошлија.
Под модното око се најде и Влатко Лозановски.
„Изгледа океј. Има бела мајца, светло сако, бели патики, еден минимален стајлинг. Океј е“ прокоментира Сергеј.
Вистина.мк