Миленко: Мора да се отпуштат од работа 10 до 12 илјади џандари – само така државата ќе се оправи

351

Во изминатитете триесет години плурализам, партиите како доаѓаа на власт, своите партиски активисти, роднини и пријатели, си ги вработуваа во државната администрација и јавните претпријатија.

Најпрвин, тоа значеше згрижување на своите кадри, но подоцна, партијата која беше на власт, виде добра шанса да се обиде да има влијание на овие луѓе кои ги има вработено, со цел тие и на следните избори да гласаат за партијата, но и да замолат свои роднини и блиски да го сторат истото.

Тука не зборуваме за конкретна партија, туку за сите кои имаа можност да партиципираат во власта со свој Премиер, министри, директори.

Со текот на времето, јавните институции се претворија во гломазни апарати, во кои работните места се дуплираа, преполни канцеларии во кои само неколкумина работат, а останатите бистрат политика.

Сите овие луѓе ги уживаат сите права на регрес, платен годишен одмор, а последна небулоза изминатите години беше и таканареченото вработување по рамковен договор, кога многумина беа фиктивно вработени во јавната администрација, земаа плата, а не одеа на работа, односно седеа дома.

Ситуацијата и денес е иста. Нашата администрација е превработена. На ова се осврнува и познатиот новинар и водител, Миленко Неделковски:

„Во програмите на партиите (големи, мали, наши, албански, секакви…) никако да се допре НАЈГОЛЕМИОТ проблем што ја прави државава превработена, корумпирана ,криминална и нефункционална. А тоа е ОГРОМНАТА ПРЕВРАБОТЕНОСТ ВО ПОЛИЦИЈАТА И АДМИНИСТРАЦИЈАТА.

Според светски норми за тоа колку полициски службеници, или колку чиновници во администрација, треба да има по глава на жител, во Македонија има три до четири пати повеќе вработени.

Државата нема да се оправи и стане функционална без отпуштање на 10 до 15 илјади џандари и 100 до 12о илјади мастиљари.

Светските норми кажуваат дека на 1.000 жители потребни се 2 припадника на МВР (униформа и цивил заедно). Значи во Македонија требаат не повеќе од 5.000 полицајци. А ги има повеќе од 20.000.“