Контроверзната насловна страна на „Кориере дело Спорт“ ги разбесни фудбалските клубови во Италија кои почнаа да го напаѓаат весникот кој има 100 годишна традиција на Апенините.
Многумина останаа во шок кога ја прочитаа насловната страна на денешното издание на весникот, а на која беа претставени играчите на Рома и Интер, Крис Смолинг и Ромелу Лукаку, а како наслов над фотографијата стоеше „Црн петок“ алудирајќи на нивната боја на кожата и на средбата која овие два тима ќе ја играат во петок.
Веднаш стигна реакција од Рома, која на својот официјален Твитер профил напиша: – Нико. Апсолутно Никој. Ни жива душа…не би го ставил ова на насловна, освен од Кориере дело Спорт…
Со коментар се јавија и од Милан од каде напишаа: -Целосно е неприфатливо да се види вакво игнорирање на расизмот. Нема да молчиме на овој проблем….
Од Интер, чиј напаѓач беше прозван со насловната страна објавија: – Фудбалот е страст, култура и богатство. Ние сме и секогаш ќе бидеме против било каков облик на дискриминација…
Многумина се уште се чудат како еминентен весник од типот на „Кориере дело Спорт“ си можел да си го дозволи ова.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













