Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија во 19ч гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, лошите владини политики, како и чекорите кои граѓаните можат да ги очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
Мицкоски потенцираше дека е крајно разочаран и револтиран поради неработата и несериозноста на Владата, бидејќи наместо Заев и Филипче да се борат за вакцина повеќе за секој граѓанин, тие патуваа по егзотични места и трошеа народни пари. Тој исто така додаде дека тоа го покажува нивото на сериозност и кадарност на луѓето кои се поставени на високи функции од кои зависат огромен број на граѓани.
-Република Македонија се соочува страшни и поразителни бројки на заболени и за жал починати од ковид-19 вирусот. Ваквата слика укажува на фактот дека Република Македонија не се справува добро со оваа здравствена криза, како што тоа го пласираше во јавноста Заев и неговиот миленик Филипче, истакна Мицкоски.
“Граѓаните се чувствуваат небезбедни и немаат верба во институциите. Во ова време невреме кога наши сограѓани буквално молат за вакцини и за адекватни лекови, Николовски и Рашковски заминаа да одмараат во Мексико и Дубаи и да трошат народни пари. Тажно е што сите наши сограѓани мораат да се надеваат дека овие луѓе ќе им помогнат во борбата со корона вирусот, бидејќи очигледно ним не им е важно здравјето на граѓаните, туку своите кариери и материјални придобивки”, вели Мицкоски