Актерката Меган Фокс пред неколку месеци стави точка на бракот со Брајан Остин Грин, но сепак ја користи секоја прилика за нешто да му префрли.
Имено, таа сега јавно му возвратила на својот поранешен сопруг Брајан, упатувајќи му на Инстаграм долга, бесна порака.
Брајан објавил фотографија со нивниот 4-годишен син Џурни на која двајцата се маскирани за Ноќ на вештерките. На славната бринета овој потег не ѝ се допаднал, па решила да не го крие својот бес.
„Зошто Џурни мора да биде на оваа фотографија? Не е тешко да се пресече од фотографијата или да се избере некоја без деца. И јас одлично се забавував за Ноќта на вештерките, но ќе видиш дека немам фотографии на мојот профил. Знам дека ги сакаш твоите деца, но не разбирам зошто не можеш да престанеш да ги објавуваш на Инстаграм. Толку си опседнат со создавање приказни дека сум мајка која ја нема во приказната и дека ти си посветениот татко на годината. Кај тебе се половина од времето. Ти честитам, прекрасна личност! Зошто ти е потребен одговор од јавноста кога доволно е да видиш дека твоите деца те сакаат?“, напишала Меган, но набрзо коментарот бил избришан.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















