Се шири вознемирувачко видео: Фудбалер на Динамо ‘заработил’ шлаканица додека пие алкохол во друштво на лошите момчиња

89

Артем Беседин (24), популарниот фудбалер на киевски Динамо, кој што до денес има запишано 13 настапи за сениорската украинска репрезентација и притоа има постигнато два гола, дефинитивно во минатото имал лошо друштво.

Имено, тамошните портали се преплавени со снимката која што е настаната пред 3-4 години и на која може да се види како со алкохол во раката фудбалерот е во друштво на ‘лошите момци’.

Еден од нив, по вербалната караница, му удира шлаканица на фудбалерот, по што тој паѓа од столот, а украинските медиуми пренесуваат дека Беседин во тоа време се наоѓал на раб од добивање отказ од Динамо токму поради тоа што се дознало колку многу алкохол пие и со какви лица се дружи.

Сергеј Ребров, му ја спасил кариерата и го ставил во серија А, но Беседин во меѓувреме повторно влегол во неволји, иако изгледало дека конечно тргнал по вистинскиот пат.

Имено, УЕФА го суспендирала фудбалерот затоа што паднал на допинг тестот по натпреварот со Малме, па на терен ќе може да се врати дури на 19-ти декември оваа година.