Медицинска сестра ја опиша нејзината борба со коронавирусот: „Сè почна со шмркање…“

1270

Медицинска сестра од Колорадо вели дека нејзината борба со коронавирусот почнала со шмркање, но многу брзо потоа развила симптоми кои според нејзините зборови не биле такви какви што очекувала.

Лиса Мерк вели дека тестот покажал дека е позитивна на Ковид-19, после одмор на Хаваите, за време на кој била и на медицинска конференција.

Отидовме на медицинска конференција таму и на денот на заминување малку ми течеше носот. Тоа беше тоа“, рекла Мерк за „KDVR TV“.

За време на летот почнала да чувствува болки на левата страна од телото, а потоа и здравјето ѝ се влошило кога стигнала дома, пренесува „New York Post“.

Се вративме дома и ме болеа мускулите, коските и зглобовите“, рекла од изолацијата во која моментално се наоѓа и додала дека се чувствува како некој да ја боде со шило.

Вели дека тогаш се прашувала дали има грип, но здравјето ѝ се влошило до таа мера што завршила со Брза помош.

Отежнато дишев и се чувствував многу уморно. На крајот, во неделата навечер, на сопругот му реков да повика Брза помош, бидејќи навистина не се чувствував добро. Кога и да станев, мислев дека ќе се онесвестам“, рекла Мерк.

На крајот била тестирана за вирусот и минатата недела ги добила резултатите, и дознала дека е заразена. За „KDVR TV“ открила дека загубила 5 килограми поради мачнините и дека трпела болки во мускулите. Иако е здравствена работничка, Мерк вели дека не очекувала толку сериозни симптоми.

Таа моментално е со сопругот во изолација и вели дека здравјето дефинитивно ѝ се подобрува, но во јавност нема да се појавува додека два различни теста во период од барем 24 часа не покажат дека е негативна на тестот.