Неодамнешното истражување спроведено во Велика Британија покажало дека дури 60% од мажите, од 2.000 испитаници, најмногу сакаат жени со кафеава коса и сини очи.
Коа станува збор исклучиво за бојата на коса, третина од мажите (33,1%) смета дека бринетите се најпосакувани, а 28,6% преферираат жени со црна коса.
Тоа значи дека 61,7% од испитаниците од посилниот пол сака жени со темна коса, додека 29,5% од нив се определиле за плавуши, а само 8,8% од мажите за црвенокоси.
Жените со сини очи ги избрале 40,2% од испитаниците, со кафеави 29,2%, додека оние со зелени очи се на трето место со 17,5%.