Масовни антивладини протести во Белорусија, дали ќе падне Лукашенко?

104
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли повиците за одржување нови претседателски избори во Белорусија, наспроти протестот на илјадници демонтранти кои во Минск излегоа на најголемиот протест досега.

За време на говорот кој го одржа на протестот на неговите приврзаници кој се одржа пред владата, Лукашенко ги обвини надворешните сили за протестите во земјата, со кои се бараат нови избори

Надворешните сили поттикнуваат недоразбирање и се обидуваат да го уништат тоа што е создадено со работата на нашите татковци. Нема да дозволиме некој да ја украде иднината на нашата земја. Раководството на нато бара од нас да одржиме нови избори. Ако ја исполниме нивната желба, тоа би било смрт на нашата земја, рече Лукашенко.

Од алијансата ги негираа обвинувањата на Лукашенко за спроведување воени вежби долж западните граници на земјата во Полска и Литванија и соопшти дека внимателно ја следат ситуацијата по спорните избори во Белорусија.