Мас: Германија и натаму ќе и ја поддржува Македонија

817

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и побара од двете земји тоа да го сфатат како поттик.

– Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: од 2019 година може да започнат преговорите за приклучување со поранешната југословенска Република Македонија и Албанија. Многу се залагавме за овој силен насочувачки сигнал, со кој им се оддава признание на реформските напори од последните години. Преговарачкиот процес во Брисел не беше секогаш лесен, но нѐ радува што на крајот беше можен компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Апелирам до сите политичари во Скопје и во Тирана овој успех да го сфатат како поттик за ангажирано продолжување на реформите. Германија во тоа и натаму целосно ќе ги поддржува, вели Мас во изјава за Дојче веле.

Германскиот министер за надворешни работи и на средбата што ја имаше во средината на овој месец со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вети дека Германија ќе лобира активно во Франција, Холандија и други земји на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори.

– Ние на македонското население треба да му испратиме важен сигнал дека се исплати да се следи европската перпсектива, рече Мас во Берлин по средбата со Димитров