„Марка“ ги избра најлошите трансфери

952

Шпанскиот весник „Марка“ направи свој избор со најголемите фудбалски разочарувања за 2018 година.

Изборот на „Марка“ доаѓа по вчерашната церемонија на која ФИФА ги прогласи најдобрите. Најлош фудбалер за минатата сезона е Весли Снајдер од Ница.

Во изборот на „Марка“ се најдоа и Виктор Линделоф и Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед кои добија најмногу гласови за своите позиции.

Од голманите изборот падна на Лорис Кариус од Ливерпул.

Меѓу 11-те најлоши влегоа и Бенедикт Ховедес, Леонардо Бонучи, Месут Озил, Тиемуе Бакајоко, Гансо, Лусиано Вието и Келеши Ихеаначо.

За најлош тренер досега најмногу гласови доби Хорхе Сампаоли – поранешниот селектор на Аргентина.

Леонардо Бонучи кој минатата сезона премина во Милан го зазема првото место во изборот на најлош трансфер.