Москва веќе отворено го вперува прстот во Израел: Ловецот „Ф-16“ се криел зад нашиот авион, а Тел Авив се обиде да го сокрие тоа!

845

Министерството за одбрана на Русија објави детални податоци кои што ги открива од секунда во секунда позициите на израелските авиони и ракетите на против-воздушниот систем „С-200“.

Податоците се добиени од радарите на „С-400“ од воздушната база Хмејмим, соопштија од руското Министерство за одбрана. Според податоците на радарите, еден од израелските „Ф-16“ авиони, во моментите на трагедиијата се наоѓал на висина од 9 до 10 километри во иста линија со рускиот „Ил-20“ авион.

Од руското Министерство за одбрана порачаа дека израелските тврдења дека не се вмешани во соборувањето на рускиот авион се неточни.

„Израелски „Ф-16“ се криеше зад рускиот „Ил-20“ за да ги избегне сириските проектили. Сириските проектили билее насочени кон „Ф-16“ авионот кој што го променил курсот. Положбата на сите летала во моментот на инцидентот укажуваат на тоа дека израелскиот авион дефакто го користел рускиот авион како штит“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Да потсетиме, на 18-ти септември од руската армија соопштија дека нивниот исчезнат авион „Ил-20“ бил соборен од ракета на сириската против-воздушна ракетна одбрана со системот „С-200“, при што загинале 15 членови на екипажот на авионот.

Тогаш четири „Ф-16“ борбени авиони на израелското воено воздухопловство нападнале мети во Латакија. Израелските авиони се спуштиле на мала висина и со тоа „создале опасна ситуација за другите авиони и бродови во регионот“, стои во соопштението на руската армија.

„Израелските пилоти го користеле рускиот авион како штит и го означиле како мета за сириската воздушна одбрана. Како последица на тоа, авионот „Ил-20“ кој има ознака на радарот многу поголема од тој на „Ф-16“, бил погоден од проектил на ракетниот систем С-200“, стои во соопштението.

Покрај тоа, Русите соопштија дека во следните две седмици на сириската армија ќе ѝ достават помодерен против-воздушен систем „С-300“, а тоа веќе предизвика бројни реакции, посебно од САД.

Израелските медиуми пренесуваат дека советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон истакнал дека снабдувањето на Сирија со ракетниот систем ќе биде „значајна ескалација“ и се надева дека Москва ќе ја преиспита таа одлука.