Марјан Шарец близу да формирање нова влада на Словенија

832

Еден до потенцијалните кандидати за мандатар за состав на нова влада на Словенија, Марјан Шарец е близу до формирање владин кабинет, откако синоќа партијата Левица реши да ја поддржи неговата евентуална малцинска влада.

Лидерот на Левица, Лука Месец информира дека партијата донела одлука да не учествува во евентуалната влада на Шарец, но дека е подготвена да ја поддржи врз основа на „програмска соработка“.

Месец најави дека денеска Левица на петте партии кои се подгоптвени да влезат во владата на шарец ќе им достави предлог-документ за програмска соработка, во кои ќе бидат наведени условите на партијата за поддршка на владиниот кабинет.

Извршниот одбор на Левица на синиќешната седница решил партијата да не биде дел од евентуалната влада на Шарец, откако останатите потенцијални коалициски партнери ги одбиле нејзините предлози за запирање на приватизацијата на државните компании и банки, за намалување на трошоците за одбрана, за зголемување на данокот на профит за фирмите, за отстранување на жичената ограда на границата кон Хрватска и за некои промени во надворешната политика.

Сапак, според Месец, партијата решила да ја подржи евентуалната малцинаска влада на левиот центар на Шарец, откако останатите партии од коалицијата го прифатиле предлогот на Левица за јавно достапен здравствен систем, за зголемување на коефициентот за пресметување на пензии, утврдување на минимална пензија од 620 евра и за зголемување на висината на минималната плата.

Петте партии кои се согласија да учествуваат во евентуалната коалициска влада на Шарец, заедно имаат 43 пратеници во словенечкиот Парламент или три помалку од непходните 46 за парламентарно мнозинство. Сепак со поддршка на деветмината пратеници на Левица, таквата малцинска влада на Шарец би имала доволно гласови за да биде избрана.

Парламентраните избори во Словенија се одржа на 3 јуни и на нив места во Парламнетот обезбедија девет партии, што го усложни процесот за формирање нова влада.

Најмногу гласови и пратенички места на изборите освои конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, но тој не успеа да обезбеди мнозинство за формирање влада.

Доколку пропадне и обидот на Шарец за формирање влада, тогаш Словенија на есен најверојатно ќе ја очекуваат нови парламентарни избори.